Галерија Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Фото: Влада на РСМ

Државниот врв денеска ја одбележа годишнината од смртта на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа, како и екипажот на авионот, кој се урна кај Мостар, Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година.

Делегација на Република Северна Македонија, составена од претставници на Владата, Кабинетот на претседателот и на Собранието положи венци свежо цвеќе на спомен обележјето на авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар.

На одбележувањето на 18 годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата венци, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи и делегација на Република Босна и Херцеговина.

Во рамките на активностите во земјава во знак на одбележување на 18 годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски и неговата делегација, на гробиштата, свежо цвеќе на гробовите на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски, на гробиштата Бутел во Скопје, положија претседателот Стево Пендаровски, министерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Џафери, со делегации од соодветните државни органи.

Како дел од овие активности, на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски во Струмица свежо цвеќе положија министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и Кирил Парталов, државен секретар за локална самоуправа.

Делегација на претседателот Стево Пендаровски положи цвеќе и на гробот на Анита Кришан – Лозановска на гробиштата во Велес.