Македонија Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање за учениците од основно и од средно обрзование на веб-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај, а тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците ќе полагаат два предмети кои ќе ги дознаат три дена пред тестирањето.

Прелиминарните резултати треба да бидат објавени на 15 јуни, по што, во наредните три дена може да се поднесуваат приговори. Конечните резултати ќе бидат објавени на 27 јуни.