Македонија Дождливо време со засилен јужен ветар

Дождливо време со засилен јужен ветар

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови, локално над 15 литри на метар квадратен. Само на повисоките планини ќе има повремен снег.

Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи. Ќе дува ветер од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од девет до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со повремени врнежи од дожд, а ќе дува засилен ветер претежно од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 15 степени.