Спорт Домаќинот Чиле прв финалист на Копа Америка

Домаќинот Чиле прв финалист на Копа Америка

Фудбалската репрезентација на домаќинот Чиле е првиот финалист на Копа Америка, откако во првата полуфинална пресметка славеше над Перу со 2-1.

Двата гола за Чиле ги постигна Едуардо Варгас, во 42. и во 64. минута од натреварот, додека погодокот за репрезенатцијата на Перу беше автогол на Гери Медел, со кој го израмни резултатот во 60. минута.

Противник на Чиле во финалeтo на Копа Америка, закажано за 4 јули, ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел, меѓу Аргентина и Парагвај, кој се игра ноќва, во 1.30 часот по полноќ.