Економија Долгот на фирмите за кои државата не издава гаранции ќе влезе во...

Долгот на фирмите за кои државата не издава гаранции ќе влезе во вкупниот јавен долг

Во собраниска прцедура се измените на Законот за јавен долг, со кој, откако ќе стапи на сила, во јавниот долг ќе се мери и негарантираниот јавен долг, односно долгот за кој државата нема издадено гаранција.

Според проценките на Министерство за финансии, тоа би го зголемило долгот за 0,3 проценти од БДП, односно околу 30 милиони евра.

– Во 2014 година, овој негарантиран јавен долг беше изваден од нашата методологија на пресметките на јавниот долг. Но според препораките на светските финансиски интитуции ММФ, Светска банка но и според стандардите, негарантираниот јавен долг требаше да го вратиме во пресметката на јавниот долг, заради поголема транспарентност – рече денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски, на работилницата за новинари на темата „Јавен долг“.

Измените на законот, исто така, предвидуваат и одвојување на Стратегијата за јавен долг од Фискалната стратегија за државата.

Со неа, ќе се прави стратегија за јавниот долг за три години, односно ќе се утврдува максималната висиона на износ на јавниот долг, максималните износи на задолжување и слично.

– Целта со оваа Стартегија е најпрво да се стабилизра јавниот долг, а потоа постепено да се намалува. Ние лани го стабилизравме на 48,7 проценти од БДП, а целта е во иднина да се намалува – додаде Тевдовски.