Свет Балкан Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград

Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград

За агенцијата Бета од српското МВР потврдиле дека околу 13 часот неколку белградски училишта добиле дојава за подметнати бомби. Оттаму додаваат дека засега не се знае точниот број на училишта кои добиле пријави

Фото: Taylor Wilcox on Unsplash

Основните училишта „Владислав Рибникар“ во Врачар, „Исидора Секулиќ“ во Савски венец, „Јован Миодраговиќ“ во Врачар и „Обединети нации“ во Церак, „Ратко Митровиќ“ во Нов Белград, „Владимир Роловиќ“ и „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац се само дел од оние во кои денеска имало дојави за бомби, пренесува Н1. 

Учениците од ОУ „Исидора Секулиќ“ биле испратени дома, а од ОУ „Јован Миодраговиќ“ го напуштиле училиштето и ги чекале родителите да ги земат.

За агенцијата Бета од српското МВР потврдиле дека околу 13 часот неколку белградски училишта добиле дојава за подметнати бомби. Оттаму додаваат дека засега не се знае точниот број на училишта кои добиле пријави.

Дојавите за бомби во училиштата и институциите во Србија беа чести во претходната година и за сите нив беше утврдено дека се лажни.