Главна секција Дојави за бомби утринава испразнија 31 училиште во Скопје

Дојави за бомби утринава испразнија 31 училиште во Скопје

Дојавите за бомби овојпат се случиле многу порано, уште на првиот час, во 8.30 утринава. Дел од родителите, само што ги оставија своите деца на училиште, мораа да се вратат да ги земат

Фото: Мета.мк

На електронските адреси на 31 училиште во Скопје утринава е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.

Дојавите за бомби овојпат се случиле многу порано, уште на првиот час, во 8.30 утринава. Дел од родителите, само што ги оставија своите деца на училиште, мораа да се вратат да ги земат. Големи се реакциите на родителите на социјалните мрежи, кои велат дека секојдневните дојави за поставени бомби во училиштата сериозно го нарушуваат образовниот процес на децата.

Првите дојави за поставена експлозивна налрава стаса во пет гимназии во Скопје на 26 октомври минатата година.

Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата за основно и за средно образование во државата, во кое наложуваат во деновите откако ќе стаса дојава, наставата да продолжи онлајн, наместо да се губат цели работни денови.