Свет Балкан Дојава за бомба во седиштето на противпожарната бригада во Белград

Дојава за бомба во седиштето на противпожарната бригада во Белград

На телефонската линија 192 во Белград е примена анонимна дојава дека во седиштето на противпожарната бригада е поставена експлозивна направа.

Веднаш по дојавата пожарникарите се евакуирани, а полициска екипа врши увид на местото и утврдува дали станува збор за лажна пријава или навистина има поставено бомба во седиштето на противпожарната бригада.