Свет Балкан Договорот од Преспа – настан на годината во Западен Балкан

Договорот од Преспа – настан на годината во Западен Балкан

Преспанскиот договор помеѓу Македонија Грција е еден од настаните кои ја обележаа 2018 година, се вели во анализата на Европскиот Западен Балкан – веб порталот на тинк-тенкот Центар за современа политика од Белград.

„Договорот потпишан од министрите за надворешна политика на Мкедонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас на 17 јуни се смета дека е најважниот настан на годината. Договорот му стави крај на деценискиот спор околу името обезбедува земјата официјално да се нарекува Република Северна Македонија, а Грција да не става пречки на евро-атлантскиот пат“ се вели во анализата.

Освен Преспанскиот договор, како настани на годината се издвоени и објавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ, извештаите на Европската комисија за секоја од земјите, одложувањето на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија за 2019 година, Лондонскиот самит, визната либерализација за Косово, Изборите во БиХ, Резолуцијата на Европскиот парламент за Западен Балкан, отворањето на поглавјата со Србија и Црна Гора и дијалогот помеѓу Приштина и Белград.