Македонија Доделено 500. решение за „Купи куќа, купи стан“

Доделено 500. решение за „Купи куќа, купи стан“

Семејството Димовски од Скопје го добија 500. решение од проектот „Купи куќа, купи стан“. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, им го додели решението на Димовски и напомена дека досега одобрени се 524 барања.

– По долги години под кирија, со проектот „Купи куќа, купи стан“ успеавме да дојдеме до сопствен стан. Ратата ќе ни биде приближно колку што плаќавме кирија и затоа сите што се под кирија нека се осмелат и нека го направат овој чекор за да дојдат на свое – истакна Маријан Димовски, новиот сопственик на стан.