Економија Доделени грантови за 15 мали бизниси во сопственост на жени и на...

Доделени грантови за 15 мали бизниси во сопственост на жени и на млади

Фондот за поддршка на жени и на млади претпримачи од неговото почнување со работа во март минатата година досега има доделено грантови на 15 мали бизниси.

Општина Брвеница ќе донира 5.000 долари на Фондот, а ќе биде потпишан и меморандум за разбирање со Здружението за локален рурален развој и со проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кој е кофинансиран од Владата на Швајцарија.

Фондот, кој е основан од УСАИД во соработка со Здружението за локален рурален развој, има цел да создаде одржлив модел за поддршка на бизниси во сопственост на жени и на млади во Полошкиот регион.

Како што соопштија од Фондот, досега се донирани 120.000 долари за да се поддржи порастот на малите бизниси во сопственост на жени и на млади.