Македонија До 9.000 евра за семејствата на жртвите од автобуската несреќа кај Ласкарци

До 9.000 евра за семејствата на жртвите од автобуската несреќа кај Ласкарци

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија „Еуросиг“ за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата, Кадри Моринај кој изрази сочувство до семејствата на настраданите.

-Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување – изјави Моринај.

За повредените ќе се исплатат од 4.500 евра, а за семејствата на настраданите до 9 илјади евра.

-Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра – додаде Моринај.