Свет Европа До 2017 година во Европа се очекува прилив на три милиони мигранти

До 2017 година во Европа се очекува прилив на три милиони мигранти

Три милиони мигранти се очекува да пристигнат во Европа до 2017 година, преку медитеранските земји, што претставува рекорден прилив, соопшти денеска Европската комисија (ЕК), пренесува „Би-Би-Си“.

Според извршното тело на Европската унија (ЕУ), приливот на мигранти ќе има „мал, но позитивен“ ефект на екомијата во ЕУ и според прогнозите, ќе предизвика пораст на БДП од 0,2 до 0,3 отсто.

Прогнозите на ЕК велат дека со приливот на мигранти популацијата во ЕУ ќе се зголеми за 0,4 отсто.

Според Обединетите нации (ОН), бројот на сириски бегалци што доаѓаат во Европа засега не бележи намалување и покрај условите во Егејско Море, кои се влошуваат со почетокот на зимата.

„Ова е сега глобална одговорност, но особено е одговорност на Европа“, ја пренесува „Би-Би-Си“, изјавата на Питер Садерленд, специјалниот претставник за миграција на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.