Македонија Џафери: До Нова година партиите да го договорат датумот за избори

Џафери: До Нова година партиите да го договорат датумот за избори

Џафери кажа дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое што го пропишува Уставот и законите за да се организираат изборите

Извор на фотографија: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите.

Тој денеска пред новинарите во селото Форино, кажа дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое што го пропишува Уставот и законите за да се организираат изборите.

Тој ги повтори роковите, како и законската обврска за формирање техничка Влада пред изборите.

Во меѓувреме, партиите се поделени околу времето и организацијата на изборите. СДСМ сака да се организираат посебно претседателските и парламентарните избори, а ВМРО-ДПМНЕ бара и двата изборни циклуси да се спојат во еден изборен процес.