Свет Директорот на ЦИА е песимистичен за иднината на Сирија

Директорот на ЦИА е песимистичен за иднината на Сирија

Директорот на ЦИА, Џон Бренан изјави дека не е оптимист кога станува збор за иднината на Сирија, која веќе пет години е зафатена од војна.

– Не сум сигурен дека Сирија ќе може повторно да се состави – изјави Бренан на годишниот Безбедносен форум во Аспен.

Ова е една од ретките јавни признанија на американски претставници дека Сирија во сегашната состојба можеби нема да може да ја преживее граѓанската војна.