Македонија Димитров – Коѕиас: Отворен и конструктивен дијалог ќе придонесе за меѓусебна доверба

Димитров – Коѕиас: Отворен и конструктивен дијалог ќе придонесе за меѓусебна доверба

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас на маргините на министерската средба во Брисел разговараа спорот за името и за мерките за доверба.

„Се зборуваше за натамошно унапредување на мерките за доверба и унапредување на прекуграничната соработка. На средбата стана збор и за процесот за надминување на единственото отворено прашање, за разликата околу името. Министрите разменија мислења како претстојниот период најдобро да се искористи за постигнување напредок во процесот под покровителство на ОН, кој се очекува да биде обновен во најскоро време“, се вели во соопштението од македонското МНР.

Двајцата министри се заложиле за водење отворен, конструктивен дијалог со добра волја, кој ќе придонесе за пораст на меѓусебната доверба.

Коѕиас пред заминувањето за Брисел изјави дека очекува спорот за името да биде решен во првата половина на следната година, а премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека на 20 или 21 ноември преговарачките тимови на двете земји ќе се сретнат заедно со медијаторот Метју Нимиц.