Македонија Димитров и Коѕиас утре нема да разговараат за името, туку ќе се...

Димитров и Коѕиас утре нема да разговараат за името, туку ќе се запознаваат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, утре нема да разговараат за спорот за името, туку за продлабочување и за интензивирање на односите со јужниот сосед, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека првичните разговори меѓу него и грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на грчката дипломатија, Коѕиас, даваат оптимизам за градење пријателски односи со Грција, од која ќе бараат поддршка за одблокирање и за продолжување на интеграциските процеси на земјата кон ЕУ и кон НАТО.

Премиерот додаде дека ќе го поканат посредникот на ОН во преговорите за името, Метју Нимиц, наскоро да ги посети Македонија и Грција и го повтори ставот дека решавањето на проблемот за името ќе го договараат заеднички со опозицијата, а конечниот предлог ќе оди на референдум.