Македонија ДИК прими речиси 2.150 приговори за гласањето

ДИК прими речиси 2.150 приговори за гласањето

Фото: Арбнора Мемети

Во Државната изборна комисија до вчера стигнаа вкупно 2. 142 приговори за гласањето на парламентарните избори во средата, 15 јули. Рокот за приговори истече вчера во 19:30, а ДИК мора да одговори на приговорите во рок од 72 часа по истекот на рокот за примање на приговорите, односно до вторник вечер.

Најмногу приговори стигнаа од партијата Левица, која поднесе 1.982 приговори. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесе 151 приговор, а ВМРО-ДПМНЕ два приговора за сумирањето на резултатите од гласањето.