Македонија Дијагностицирани уште 1.093 случаи на ковид-19, починале 28 пациенти, оздравеле 819

Дијагностицирани уште 1.093 случаи на ковид-19, починале 28 пациенти, оздравеле 819

Infectious Diseases and Febrile Conditions Clinic in Skopje. Photo: Arbnora Mehmeti, Meta.mk

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.084 тестирања, а регистрирани се 1.093 нови случаи на ковид-19. Од новите случаи, во Скопје се регистрирани -431, Куманово-57, Дебар-14, Штип-41, Прилеп-60, Тетово-41, Струга-29, Велес-55, Битола-37, Охрид-37, Кавадарци-44, Гостивар-94, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-11, Крушево-8, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод -2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-20, Кичево-15, Ресен-10, Неготино-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти од: Скопје-256, Куманово-57, Дебар-6, Штип-26, Прилеп-49, Тетово-50, Струга-13, Велес-42, Битола-42, Охрид-27, Кавадарци-33, Гостивар-52, Гевгелија-6, Струмица-29, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Берово-9, Валандово-6, Виница-11, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-17, Кичево-13, Ресен-2, Неготино-13.

Починати се 28 лица, девет пациенти од Скопје (54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62г), четири од Куманово (76, 78, 69 и 85г), еден пациент од Дебар (82г), еден од Штип (61г), пет пациенти од Тетово (83, 72, 74, 62 и 64г), еден од Струга (57г), еден од Велес (70г), еден од Охрид (39г), двајца од Гостивар (69 и 53г),еден од Струмица (55г), еден од Кратово (74г) и еден пациент од Ресен (69г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59.701, бројката на оздравени пациенти е 36.825, на починати е 1.658, а бројот на активни случаи во моментот изнесува 21.218.