Видео Џихадист на босански им се закани на САД

Џихадист на босански им се закани на САД

Новата видеоснимка на Исламска држава предизвика паника кај Американците, откако исламист на босански ги повика борците на ИД на напади, а во заднина се менувале фотографии од Сан Франциско и од Лас Вегас.

Се претпоставува дека видеозаписот е снимен во Мосул, но експертите тврдат дека прикажаните локации во САД се автентични.

– Убивате ги христијаните и нивните слуги во нивните градови и во нивните држави. Поставувајте експлозиви под нивните автомобили, во нивните домови, канцеларии… Убивајте ги со снајпери и со придушувачи, убивајте ги па макар и со нож и немојте да правите разлика меѓу војници и цивили, како што и тие не прават разлика меѓу цивили и војници на ИД. Цврсто потпрете се на Алах – порачува исламистот во снимката.