Видео Џафери: Недоразбирања има, но дебата мора да постои

Џафери: Недоразбирања има, но дебата мора да постои

Во текот на мандатот, нормално е да се појавуваат одредени теми за кои ќе има различни разгледувања, ќе има дебата и јас мислам дека тоа е здраво во коалицијата да се бара компромисно решение, вели вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“.