Uncategorized Деветнаесетгодишник расечен со нож во тепачка

Деветнаесетгодишник расечен со нож во тепачка

Деветнаесетгодишно момче било повредено со нож во тепачка меѓу две групи што вчеравечер се случила на булеварот Партизански одреди, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера, околу 18 часот, дошло до расправија, а потоа и до тепачка меѓу Е.М. (19) и неговиот врсник Љ.И. од една и З.Р. (31), Ш.И. (29) и Е.А. (23) од друга страна. Во тепачката Љ.И. бил расечен на нозете со остар предмет, најверојанто нож, поради што бил пренесен во градската општа болница „8 Септември“, каде му била констатирана телесна повреда.

Екипи на СВР Скопје, при увидот на местото на тепачката, пронашле пиштол кој е предаден на вештачење.

Петтемина учесници во тепачката, како што информираат од МВР, биле приведени, а полицијата работи на утврдување на идентитетот и на други лица за кои постојат сомневања дека биле инволвирани во настанот.