Свет Деветмина уапсени поради вмешаност во терористичкиот напад во Тунис

Деветмина уапсени поради вмешаност во терористичкиот напад во Тунис

Девет лица биле уапсени поради поврзаност со терористичкиот напад што вчера се случи во музеј во Тунис, а во кој загинаа 23 лица, од кои 20 странски туристи, јавува „Би-Би-Си“.

Како што соопштиле туниските власти, четворица од уапсените биле директно поврзани со нападот, а другите петмина имале „врски со терористичката ќелија“.

Одговорноста за нападот во музејот „Бардо“ денеска ја презеде Исламска држава(ИД), преку порака објавена на „Твитер“.

Туниските власти ги идентификувале двајцата напаѓачи кои со автоматско оружје отвориле оган во музејот, од кои едниот, именуван како Јасин Лаабиди, им бил познат на безбедносните служби.

Тој и неговиот соучесник во нападот, Хатем Качнауи, беа убиени од безбедносните сили во антитерористичката акција.

Во нападот во музејот „Бардо“, освен тројца Тунижани, беа убиени турсти од Јапонија, Колумбија, Австралија и од уште неколку европски земји, а повеќе од 40 луѓе беа ранети.