Свет Девет жители на Флорида заразени со зика

Девет жители на Флорида заразени со зика

Девет лица инфицирани со вирусот зика се регистрирани на Флорида, поради што гувернерот Рик Скот прогласи вонредна состојба во четири окрузи.

Американските лекари се уверени дека сите девет лица заболеле откако патувале во подрачја каде вирусот зика е присутен.

Гувернерот истакнал дека Флорида прави сè за да го спречи ширењето на опасниот вирус и оти на државниот оддел за земјоделство му е дозволено во поголема мера да користи спреј против комарци.

Епидемијата на вирусот зика првпат е регистрирана во мај 2015 година во Бразил, а пренесувач на заразата е комарецот aedes. Присуството на овој вид комарец не е регистрирано во Чиле.

Светската здравствена организација соопшти дека ширењето на вирусот зика претставува глобална закана.

Во предупредувањето се наведува дека меѓу три и четири милиони лица во САД би можеле да бидат заразени годинава.