Македонија Девет земјотреси почувствувани на југоистокот, најсилниот со 5,1 степени

Девет земјотреси почувствувани на југоистокот, најсилниот со 5,1 степени

Серија од девет земјотреси ноќеска и утрово ги исплашија жителите на југоистокот на Македонија. Земјотресите имаа епицентри на територијата на Грција, но во непосредна близина на Дојран и Гевгелија.

Како што известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот потрес бил вчера во 23.13 часот а последниот во 7.50 часот.

Најсилниот, од 5 степени, се случил утрово во 5.24 часот на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 10 километри источно од Дојран, а седум километри северно од грчкото село Дросатон.

Земјотресот е почувствуван во Дојран, Богданци, Гевгелија, Струмица и помалите населени места.