Свет Балкан Девет лица загинаа во Бугарија во судир на минибус и на камион

Девет лица загинаа во Бугарија во судир на минибус и на камион

Девет лица загинаа, а 19 се повредени во судир на минибус и на камион во Северна Бугарија, близу градот Ловеч, соопшти бугарското МВР.

Меѓу настраданите е и возачот на минибусот, кој враќал група лица од градот Перник од екскурзија.

Повредените беа пренесувани во болниците во Ловеч и во Плевен, а се подготвува и транспорт на најтешко повредените во Софија.

Несреќата се случила околу 13 часот. Во минибусот имало 26 лица, а во камионот две лица.