Свет Свет Деведесет и шест руски државјани мора да ги напуштат САД

Деведесет и шест руски државјани мора да ги напуштат САД

Вкупно 96 руски државјани, односно дипломати и членови на нивните семејства, ќе ги напуштат САД по одлуката на Вашингтон за протерување руски дипломати, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека не станува збор само за дипломати, туку и за членови на нивните семејства, меѓу кои и деца на школска и на претшколска возраст.

Таа истакна дека протераните руски дипломати стигнале во САД пред два месеца. Протераните ќе бидат префрлени во Русија со авион од специјалната руска флота, која инаку му е на располагање на претседателот Владимир Путин.

Руските дипломати добија рок од 72 часа да ги напуштат САД.