Хроника Детето од Штип починало од истоштеност и од премрзнатост

Детето од Штип починало од истоштеност и од премрзнатост

Тригодишното дете кое вчера беше најдено мртво кај местото Струмина чешма, во штипската населба Суитлак, починало од истоштеност и од премрзнатост, било утврдено по извршената обдукција на телото.

-По извршената обдукција на телото на детето, констатирано е дека нема траги на насилство. Детето, најверојатно, починало од премрзнатост и од прегладнетост – соопшти портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Мајката на починатиот Чинар, Бајрамиша Сулејманова, веднаш по наоѓањето на телото рече дека не верува дека само заталкало.

– Детето некој ми го зел од дома. Многу е мало за само да заталка. Ми беше најмирното дете – изјави Сулејманова.

Ромските невладини организации велат дека и другпат заталкувале мали деца, но со брзи и организирани потраги од ромската заедница, биле наоѓани. Ова е прв случај во последните години, исчезнато дете, да биде најдено мртво.