Македонија Десковска: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ја опструираат дебатата за извештајот на...

Десковска: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ја опструираат дебатата за извештајот на СЈО

Вчерашниот театар на ВМРО-ДПМНЕ со непочнувањето на дебата за извештајот на Специјалното јавно обвинителство, денеска се претвори во циркус, обвини пратеничката Рената Тренеска-Десковска.

„Очигледно е дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ од работата на СЈО ги принудува да се однесуваат хаотично и дополнително да се заплеткуваат во небулозни ситуации, кои значат само дополнително фрлање буџетски пари, пари на граѓаните. Неделовничкото однесување на Ѓорчев го чини пари ова Собрание, меѓу другото и за патни трошоци на пратениците што и вчера и денеска дојдоа за седница на Комисијата, која не ни почна. На сите ни е јасно дека поради стравот од одговорност за криминалот, ВМРО-ДПМНЕ бега од дебата за извештајот на Катица Јанева, но и за извештајот на Марко Зврлевски – рече Тренеска-Десковска.

Од СДСМ ги повикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ја опструираат дебатата за извештајот на Катица Јанева доставен до Собранието пред една недела.