Македонија Десковска: Пратенички прашања ќе има еднаш неделно

Десковска: Пратенички прашања ќе има еднаш неделно

„Македонија мора да има институции кои ќе бидат отчетни кон јавноста. Ќе воведеме мерки со кои секој граѓанин ќе може да види колку плата зема секој функционер, колкави надоместоци треба да плати и слични обврски“, изјави денеска на прес-конференција Рената Десковска-Тренеска, од СДСМ и додаде дека ова е важен чекор во спречување на злоупотребите на власта.

Таа најави дека контролата од Собранието ќе биде зајакната со тоа што пратенички прашања ќе има еднаш неделно, наместо еднаш месечно како досега.

Ова се само дел од мерките кои СДСМ, според Десковска, ќе ги преземе за вистинска транспарентност за државните институции и за праведно и сигурно општество.