Хроника Десетина повредени при судир на градски автобуси во Аеродром

Десетина повредени при судир на градски автобуси во Аеродром

Десетина лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи во населбата Аеродром, при судир на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватен градски автобус, кој сообраќа на линијата со број 23.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека кај нив во 8 часот била пријавена сообраќајната несреќа на булеварот Јане Сандански, спроти трговскиот центар „Три бисери“.

Засега не се знае точниот број на повредени лица.

Како што пренесува „24 Вести“, повредените лица со возила на итната медицинска помош биле пренесени во некои од скопските клиники.