Македонија Депонијата во Струга изгасната

Депонијата во Струга изгасната

Пожарот во депонијата во Струга попладнево е конечно изгаснат. Екипите на теренот продолжуваат со работа за затрупување на целата депонија со земја, за да не се случи повторно да се запали некој помал дел.

Работниците ноќеска работеле цела ноќ, при што еден работник изгубил свест поради труење од чадот.