Свет Депонијата во Адис Абеба усмрти 48 лица

Депонијата во Адис Абеба усмрти 48 лица

Најмалку 48 загинати и десетина исчезнати е последниот биланс од свлечиштето на депонијата во близина на Адис Абеба, главниот град на Етиопија.

Причината за големото свлечиште и поместување на ѓубрето во депонијата, која постои повеќе од 50 години, доправа ќе се утврдува.

Локалното население вели дека причина за несреќата е реактивирање на дел од депонија, која била надвор од функција неколку години.

– Им велевме да не фрлаат ѓубре на врвот на купот. Мислам дека одлуката на градските власти да активираат дел од депонијата е главната причина за несреќата во која практично исчезнаа најмалку 20 куќи – вели Асефа Теклемахуманот, локален жител.