Дописници Денот на реката Дрим ќе се одбележи со еколошка акција

Денот на реката Дрим ќе се одбележи со еколошка акција

Со еколошка акција утре по шести пат ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Регионалниот „Зелен центар“ аплицираше со проектот „Дрим без пластика“ и истиот беше одобрен од Глобалниот еколошки фонд- ГЕФ.

Овој проект ги опфаќа реката Сатеска, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои сите заедно се дел од Дримскиот басен.

Еколошката акција „Да го исчистиме Дебарското Езеро од пластичен отпад“ ќе биде на повеќе локации околу езерото. На еколошката акција ќе учествуваат волонтери и ученици од Дебар. Целиот собран отпад во соработка со Комуналното претпријатие од Дебар ќе биде однесено во депонијата на градот.

Учениците ќе го посетат мостот на реката Сатеска кај селото Волино, која област претставува грда слика, место каде што има големи количини на пластичен отпад.