Македонија Денеска свежо време со умерен ветер, за викендот утрински температури околу нулата

Денеска свежо време со умерен ветер, за викендот утрински температури околу нулата

Посвежо време со умерен до засилен северен ветер се очекува денеска во земјава. Претпладнево ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува.

Минималната температура се спушти меѓу 8 и 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до 11 степени и дневна до 21 степен.

За време на викендот и в понеделник синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нулата. Веќе од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.