Македонија Денеска сончево и топло, со температура до 24 степени

Денеска сончево и топло, со температура до 24 степени

Времето во Македонија денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено во источните делови од земјата и долж Повардарието.

Утринската температура се движи од 7 до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со умерена облачност. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.