Здравје Денеска се регистрирани 310 нови случаи на ковид-19 од 2.776 тестови, починаа...

Денеска се регистрирани 310 нови случаи на ковид-19 од 2.776 тестови, починаа 6 лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.776 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 180, Битола – 29 и Прилеп – 21. Од вкупниот број на позитивни случаи (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 4 починати лица: 2 починати лица од Велес (76г и 77г) и по едно починато лице од Скопје (77г) и Кавадарци (54г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г) кои починале на 26.03.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица (6), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe 355 оздравени пациенти од ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 1.957.834 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 1.782.