Подглавна секција Денеска се одржуваат претседателските избори во САД

Денеска се одржуваат претседателските избори во САД

Фото: Wikimedia commons

Граѓаните на Соединетите Американски Држави денеска треба да го изберат идниот претседател на избори. Тие гласаат за актуелниот претседател републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.

Поради пандемијата со корона вирусот, над 95 милиони Американци веќе гласаа однапред и тоа на гласачките места, но и по пошта, што во овој случај би можело да го отежни пребројувањето на гласовите и победникот да не биде познат ноќта по изборите.

Според американскиот изборниот систем, ќе победи кандидатот кој ќе освои најмалку 270 од 538 електорски гласачи во Изборниот колеџ. Традицијата покажува дека во оние десетина држави каде не може со сигурност да се одреди за кого би гласале ќе бидат одлучувачки за исходот на изборите, а истите се познати како swing или battlefield држави.

Конечниот резултат би требало да се знае пред полноќ според американско време или во 4 часот наутро по средноевропско време, но годинава соопштувањето може да се одолговлечи поради пребројување на гласовите од предвременото гласање.