Култура Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на театарот на тој начин што ќе се играат претстави и ќе се чита пораката посветена на сценската уметност.

Автор на светската порака е француската актерка, Изабел Ипер, а македонската порака ја напиша Благој Мицевски, костимограф, режисер, уметнички директор на Народниот театар од Битола.

-Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме благодарејќи му нему. Театарот е силен. Тој се спротивставува и преживува сè војни, цензури, сиромаштија – вели Ипер во пораката.

Меѓународниот ден е проект инициран од Интернационалниот театарски институт (ИТИ), меѓународно здружение на УНЕСКО основано со цел да се поврзат театарските работници и за полесен проток на информации помеѓу нив.