Македонија Денеска продолжува судскиот процес Канческа-Милевска против Шилегов

Денеска продолжува судскиот процес Канческа-Милевска против Шилегов

Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на театарот во Скопје

Денеска со распит на странки во Основниот суд Скопје 2, треба да продолжи судењето по тужбата на министерката Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Последното рочиште за ова судење беше откажано поради отсутност од здравствени проблеми на судијката што го води процесот.

Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на театарот во Скопје.