Македонија Денеска продолжува рочиштето за „Диво Насеље“

Денеска продолжува рочиштето за „Диво Насеље“

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд ќе продолжи рочиштето за „Диво Насеље“.

Денешното рочиште ќе биде отворено за јавноста.

„Заради зголемен интерес од медиумите и од јавноста за судењето поврзано со случувањата во кумановско Диво Насеље, ве информираме дека распитот на заштитените сведоци, кое согласно ЗКП се одвиваше на нејавна седница, е завршен и главната расправа продолжува в петок, во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд на Р. Македонија со доказна постапка и со присуство на јавноста“, пишува во соопштението на судот.