Македонија Денеска нова средба на работните групи

Денеска нова средба на работните групи

Денеска во Клубот на пратеници ќе се одржи нова средба на работните групи за финализирање на Договорот од Пржино. Посредникот во разговорите меѓу четирите најголеми политички партии, Питер Ванхауте, изјави дека тие постигнале одреден напредок за отворените прашања од договорот од 2 јуни и од 15 јули, но сè уште нема финален договор.

Во изминатите денови, Ванхауте имаше одделни средби со претставниците на политичките партии, по консултациите што ги имаше во Брисел.