Главна секција Денеска нов обид во Собранието да почне расправата за разрешувањето на Зврлевски

Денеска нов обид во Собранието да почне расправата за разрешувањето на Зврлевски

Во Собранието денеска продолжува шестата седница, на која меѓу другите точки на дневниот ред е и разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.
Второто продолжение на оваа седница заврши вчера пред 19 часот. Собранието е заглавено на четвртата точка – расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.

Пред завршувањето на седницата, пратеничката група на СДСМ и на коалицијата ја напушти салата кога збор зеде Крсто Мукоски, еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кој на 27 април на т.н. „крвав четврток“,  помогна во отворањето на собраниските врати.

По расправата за актите на Народниот правобранител, треба да уследи расправата за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски, но со оглед на големиот број пријавени дискутанти за претходната точка, неизвесно е кога ќе се случи тоа.