Македонија Денеска ќе се осветуваат темелите на крстот во Бутел, ДУИ најави блокади...

Денеска ќе се осветуваат темелите на крстот во Бутел, ДУИ најави блокади и протести

Полицијата денеска ја зголеми безбедноста во скопската населба Бутел, а специјални полициски сили се распоредени на клучните локации откако симпатизери на ДУИ најавија блокада на локацијата до кружниот тек во населбата, каде за 11 часот е закажано осветување на темелите на најавениот метален крст.

Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес. Чинот на осветувањето ќе го изврши поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, со свештеници од скопската епархија.

Крстот ќе биде висок 51 метар, широк четири метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и со фрески на дванаесетте апостоли.