Македонија Денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис...

Денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со повеќе настани денеска ќе се одбележат 13 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

Цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.

Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година, освен претседателот, загинаа и осум члена на македонската делегација што патуваше на меѓународна конференција во Мостар.