Здравје Денеска 494 нови случаи на ковид-19, не се пријавени починати лица

Денеска 494 нови случаи на ковид-19, не се пријавени починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи на ковид-19. Меѓу нив, најголем број на позитивни случаи се регистрирани во Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38 и Куманово и Велес – по 23.

Од вкупниот број на позитивни случаи (494), во изминатово деноноќие регистрирани се 105 реинфекции со ковид-19.

Во последните 24 часа регистрирани сe 276 оздравени пациенти од ковид-19. Министерството за здравство информира дека не се пријавени починати лица во изминатово деноноќие.

Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 2.309.