Здравје Денеска 476 нови случаи на ковид-19, пријавени се 17 починати лица

Денеска 476 нови случаи на ковид-19, пријавени се 17 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 270, Прилеп – 25 и Куманово – 24.

Од вкупниот број на позитивни случаи (476), регистрирани се 68 реинфекции на ковид-19.

Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1), Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1) на возраст од 63 до 89 години, кои се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022 година.

Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 524 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 3.431.