Здравје Денеска 467 нови случаи на ковид-19, пријавени се 14 починати лица

Денеска 467 нови случаи на ковид-19, пријавени се 14 починати лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 245, Куманово – 34 и Велес – 22. Од вкупниот број на позитивни случаи (467), регистрирани се 58 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77 до 85 години и за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022.

Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 414 оздравени пациенти од ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 3.233.