Македонија Денеска 411 нови случаи на ковид-19, бројката на активни случаи се искачи...

Денеска 411 нови случаи на ковид-19, бројката на активни случаи се искачи над 2.000

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.153 тестови, а регистрирани се нови 411 случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 208, Битола – 33 и Куманово – 26. Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (411), регистрирани се 88 реинфекции.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 210 оздравени пациенти, при што не се пријавени починати лица со дијагноза ковид-19.

Досега во земјава се направени вкупно 2.092.345 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а во моментов бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 2.091.