Македонија Денеска 378 нови случаи на ковид-19 и едно починато лице

Денеска 378 нови случаи на ковид-19 и едно починато лице

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 7.647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи на ковид-19: Скопје – 118, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод  – по 1.

Во изминатото деноноќие пријавено е едно починато лице од Скопје (71г), починатo во болнички услови.

Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627, бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618.